Вечерва се играат првите мечеви од четвртфиналето на Лигата на нациите, а во центарот на вниманието ќе бидат дуелот во Ротердам каде што бранителот на титулата Шпанија и гостува на Холандија, додека во второт0 дерби на колото на Сан Сиро ќе играат повеќекратните светски прваци Италија и Германија.

Шпанија е фаворит во четвртфиналето, но нема да има лесна задача против силната Холандија која лани играше во полуфиналето на европското првенство. Франција влегува како голем фаворит во двомечот со Хрватска, а последниот четвртфинален дуел е Данска-Португалија. Реваншите се во недела.

Финалниот турнир на Лигата на нации ќе се одигра од 4-8 јуни во Германија или Италија, во зависност од тоа која репрезентација ќе кине во полуфиналето.

Слични новости