Тимот на Лос Анџелес Лејкерс утринава комотно го совлада Денвер нагетс со 120:108. Лејкерси го отворија натпреваот со серија од 14:2 благодарение на Лука Дончиќ, за во третата четвртина да ја зголемат предноста и на 30 коша разлика.
Во последната четвртина тренерот Џеј Џеј Редик ја седна на клупата првата петорка, па Нагетси го ублажија поразот.

Поразот на Денвер кај Лејкерси беше очекуван, затоа што тимот настапи без двајцата најдобри играчи Никола Јокиќ и Џамал Мари поради повреди.
Во тимот на Лејкерс најефикасен беше Лука Дончиќ со 31 кош, а Остин Ривс постигна 22. Кај Денвер најдобар поединец беше Арон Гордон со 26 коша и 11 скокови.
Лејкерси ја прездоа третата позиција на западот од Денвер со 43 победи и 25 порази, додека Денвер сега е четврти со скор од 44 победи и 26 порази.
Слични новости
Хамилтон ја доби првата стартна позиција за спринтерската трка во Шангај
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина
Винисиус во судиското продолжение го приближи Бразил до СП
Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување
Лејкерс немоќни без Дончиќ и Џејмс
Значително ослабениот тим на Лос Анџелес Лејкерс претрпеатежок пораз на домашен терен од Милвоки Бакс со 89:118