Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја.

Како што наведе министерот на платформата Х „осомничените објавувале провокативни коментари за апсењето на Имамоглу во кои се поттикнувале злосторства и омраза“. Тој соопшти дека турските власти идентификувале 261 спорна објава на социјалните мрежи, од кои 62 биле од странство, пренесува Ројтерс.

Турската полиција во средата го уапси градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу поради обвинение дека предводел криминална организација, која местела тендери, примала мито и помагала на терористичка организација.

Во првото обраќање по апсењето Имамоглу порача дека турскиот народ ќе одговори на „интригите, лагите и замките“ кои се усмерени против него.

Екрем Имамоглу е главен политички ривал на турскиот претседател Реџеп Тип Ердоган, а опозицијата за неколку дена треба да го избере својот претседателски кандидат за следните избори.

Слични новости

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Макрон убеден дека ЕУ повторно ќе мора да прибегне кон заедничко задолжување

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во четвртокот вечерта дека е убеден дека Европската унија ќе мора повторно да прибегне кон заедничко задолжување за да го врати претходниот долг и за поголеми трошоци за одбраната

Израел започна операција во Рафах, ЕУ повикува на враќање на примирјето

Израел започна операција во Рафах, ЕУ повикува на враќање на примирјето

Додека европските челници на самитот во Брисел повикаа на враќање на примирјето и враќање на заложниците, израелската војска доцна во четвртокот објави дека започнала копнена операција во кампот Шабура во градот Рафах, во јужниот дел од палестинската енклава Појасот Газа