Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација.
Фудбалерот на милански Интер минатата седмица во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Феенорд беше оставен на клупата поради болки во мускулите.

Дваесет иседумгодишниот Мартинез се врати во голгетерската низа во победата на Интер од 2:0 во Серија А над Аталанта во неделата, пред да се приклучи на селекцијата на Лионел Скалони, но сега е надвор од теренот поради повреда на левата тетива.
Мартинез се приклучува на растечката листа отсутни ѕвезди на Аргентина, вклучувајќи го и капитенот Лионел Меси, кој е надвор од терените поради истегнување на мускулите, заедно со Гонзало Монтиел, Џовани Ло Селсо и Пауло Дибала.
Аргентина е лидер во квалификацискиот поредок на КОНМЕБОЛ со 25 бода по 12 натпревари. Светскиот шампион и шампион на Копа Америка во петок ќе играат со второпласираниот Уругвај пред да му гостуваат на петтопласираниот Бразил четири дена подоцна.
Слични новости
Рома без Дибала до крајот на сезоната
Италијанскиот фудбалски клуб Рома објави дека неговиот напаѓач и аргентински интернационалец 31-годишниот Пауло Дибала ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на левиот бутен мускул
Почина поранешниот сопственик на Формула 1 тим Еди Џордан
Поранешниот сопственик на тим во Формула 1, Еди Џордан, почина во својот дом во Кејп Таун на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство
Четвртфинале на Лигата на нации: Шпанија игра на гости со Холандија, а Италија на Сан Сиро ја дочекува Германија
Шпанија е фаворит во четвртфиналето, но нема да има лесна задача против силната Холандија која лани играше во полуфиналето на европското првенство.