Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА. Сабонис се повреди во вторникот на натпреварот меѓу Сакраменто и Мемфис.

Пред да се врати на теренот со Мемфис литванскиот кошаркар пропушти шест натпревари поради повреда на тетивата.

Сабонис во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата во просек забележуваше по 19,2 поени, 13,9 скокови и 6,2 асистенции по меч.

Сакраменто се наоѓа на деветото место на табелата во западната конференција и се бори за што подобар пласман во плеј инот.

 

Слични новости