Аеродромот во Франкфурт значително ги зголеми приходите минатата 2024 година, со поголем број патници, објави во вторникот операторот „Fraport“, проценувајќи дека трендот на раст ќе продолжи оваа година, но сепак ќе биде значително под нивото пред пандемијата.

Приходите на „Fraport“ минатата година се зголемени за 10,7 отсто, на 4,4 милијарди евра. Нето добивката скокна за 16,6 отсто, на 501,9 милиони евра.

Менаџментот го припишува скокот на зголемениот сообраќај и повисоките такси.

Минатата година на аеродромот во Франкфурт поминале 61,6 милиони патници, три отсто повеќе отколку претходната 2023 година. Прометот во Германија се зголемил за два отсто и остана под нивото пред пандемијата.

Промеот во Европа, пак, е зголемен за 4,2 отсто, а особено популарни се дестинациите во потоплите делови на континентот и градовите, се вели во соопштението. Меѓу интерконтиненталните дестинации се издвојува Азија со скок во прометот од 13,3 отсто, а Кина има „значајна улога“.

Покрај Франкфурт, групацијата „Fraport“ оперира и со аеродроми ширум светот, вклучувајќи ги и оние во словенечкиот главен град Љубљана и во Анталија во Турција.

Во 2025 година, аеродромот во Франкфурт се очекува да пречека 64 милиони патници, што значи дека сè уште ќе биде приближно девет проценти под предпандемиската 2019 година.

globe

Слични новости

Инфлацијата во ЕУ и еврозоната забави во февруари

Инфлацијата во ЕУ и еврозоната забави во февруари

На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлацијата мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HIPC), кој овозможува споредби меѓу земјите-членки, во февруари изнесуваше 2,7 отсто. Во јануари цените на ниво на ЕУ се зголемени за 2,8 отсто

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата

Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија