Претседателот на САД Доналд Трамп организираше уште една „вечера под свеќи“ во својот клуб во Мар-а-Лаго, на која гостите морале да платат по милион долари од човек, објави часописот „Wired“. На вечерата присуствувал и соработникот на Трамп Илон Маск заедно со неговата партнерка Шивон Зилис, која е мајка на 4 од неговите 14 деца.
И додека претходната вечера на 1 март беше вклучена во официјалниот распоред на претседателот, настанот одржан на 15 март во Мар-а- Лаго не беше дел од неговата јавна програма.

На вечерата, според достапните фотографии, се најдоа и голем број бизнисмени кои сакале да се видат со Трамп. Претходно „Wired“ објави дека бизнисмени можеа да закажат состанок со Трамп за 5 милиони долари.
Овие настани покренаа загриженост меѓу стручњаците кои истакнуваат дека со ваквите приватни вечери се отвара простор за стекнување влијание низ финансиски донации.
Вечерата е одржана истиот викенд кога во Плам Бич е одржана манифестацијата „Палм Евент“ посветена на мото-трките. На тој настан се претставени луксузни автомобили, меѓу кои се најдоа „Ролс-Ројс“ „Бугати’ и „Ламборгини“, кои беа изложени на тревникот на клубот Мар-а-Лаго.
Слични новости
Космонаутите на НАСА се вратија на Земјата по девет месеци на веселенска станица
Космонаутите на НАСА Суни Вилијамс и Буч Вилмор, кои го привлекоа меѓународното внимание кога нивниот планиран осумдневен боравок во вселената прерасна во мисија која траеше повеќе од девет месеци, конечно се вратија на Земјата.
Џенет МекТир во кастот на серијата Мобленд на Гај Ричи
Серијата која ќе почне со емитување на 30 март на Парамаунт плус ја предводи импозантен каст кои го предводат Том Харди, Пирс Броснан и Хелен Мирен.
Мајкл Фасбиндер пропуштил шанса да стане филмски Џемс Бонд
Мајкл Фасбиндер ја пропуштил шансата да го игра култниот шпионски лик Џемс Бонд, откако на кастот го препорачал својот колега Даниел Крег за таа улога.