Секој оној којшто бил во или во близина на ужасниот настан, да се јави на доктор и да побара консултација без разлика дали чувствува или не чувствува било какви тегоби или било какви проблеми, апелира премиерот Христијан Мицкоски.

-Едноставно некои работи мора да се направат, нема тука пркосење, нема тука негирање, едноставно мора некои работи да се случи ако сакаме да немаме ефекти коишто ќе ни се случат понатаму во деновите коишто следат. Затоа молам уште еднашка, тоа го кажавме вчера ќе го повторам и денеска, ги молам сите оние коишто беа во периметарот на ужасниот настан, на оваа ужасна трагедија да се јават на доктор, да побараат консултација без разлика дали чувствуваат или не чувствуваат проблеми. За сето останато како Влада правиме сѐ што можеме и ќе продолжиме да правиме сѐ што можеме да спасиме човечки живот, вели Мицкоски.

Премиерот упати голема благодарност до лекарите, до медицинските тимови коишто вложуваат натчовечки напори и во првите моменти од ужасната трагедија да спасат човечки животи, во процесот на транспорт…

-Голем дел повеќе од 70,80 пациенти се надвор од државата така што денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се наоѓаат во Солун, и од таму одат во Софија да ги посетат дел од згрижените пациенти. За час и половина имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на 2 члена од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите и превоз и сместување. Се слушаме со голем број европски и светски лидери, помошта стига од сите страни, а јас сум благодарен на соседите и сите останати. Како држава ги преземавме во рекордно време сите оние неопходни мерки и протоколи коишто требаше да бидат преземени, како никогаш до сега.

globe

Слични новости

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница

Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор

Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството