Во дербито на западната конференција Денвер Нагетс на гости неочекувано ги победија Голден Стејт Вориорс со 114:105. Голден Стејт беа огромни фаворити затоа што Денвер настапија без тројца играчи од првата петорка поради повреди: Никола Јокиќ, Џамал, Мари и Кристијан Браун.

И покрај тоа Денвер забележа победа предводен од Арон Гордон кој постигна 38 коша со шут од игра над 60 проценти. Расел Вестбрук постигна трипл-дабл со 12 коша, 16 асистенции и 12 скокови. Во тимот на Голден Стејт најефикасни беа Џими Батлер со 23 поени и Стеф Кари кој постигна 20.

Денвер е на делба на второто и трето место со Хјустон со 44 победи и 25 порази, додека Голден Стејт се шести со 39 победи и 29 порази.

Слични новости

Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда

Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда

Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.