И покрај тоа што играа без двајцата најдобри играчи – Никола Јокиќ поради повреда на лактот и Џамал Мареј поради повреда на скочниот зглоб, Денвер Нагетс на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 114:105, прекинувајќи ја нивната серија од седум победи. Арон Гордон „експлодира“ со 38 поени, Мајкл Портер додаде 21 со 10 скока, додека ветеранот Расел Вестбрук оствари „трипл-дабл“ со по12 поени и скокови и 16 асистенции. Најефикасни кај Вориорс беа Џими Батлер со 23 и Стивен Кари со 20 поени.
Денвер сега е изедначен со Хјустон Рокетс за второто место на Западот со скор 44-25, додека Голден Стејт е шести на Западот со скор од 39-29.

Кошаркарите на Њу Орлеанс Пеликанс го претрпеа најголемиот пораз во клупската историја, на нивен терен беа декласирани од Детроит Пистонс со 81:127.
Гостите од Детроит уште на стартот создадоа големо водство, а до полувремето имаа предност од 31 поен (63:32), па остатокот од натпреварот беше само формалност. Кејд Канингем со 24 и Симоне Фонтекио со 23 поени беа најдобри за многу добрите Пистонс сезонава, додека Зион Вилијамсон со 30 асистенции беше најдобар стрелец кај Пеликанс.
Покрај тешкиот пораз, Пеликанс нема добро да го паметат овој натпревар и поради повредата на левото рамо што ја заработи Треј Марфи, кој ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Њу Орлеанс е претпоследен, 14-ти во Западната конференција, со сооднос победи-порази 18-51, додека Детроит е шести на Истокот со скор 38-31.
Хјустон Рокетс минаа потешко од очекуваното на домашен терен, откако по продолжение ја совлада ослабената Филаделфија 76ерс со 144:137. Џејлен Грин и Џабари Смит постигнаа по 30 поени за Рокетс, додека Квентин Грајмс ги предводеше Сиксерс со 46 поени и 13 скока, кои го држат 13-то место на Истокот со скор од 23-45.
Лука Дончиќ беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ во сигурната победа на Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен над Сан Антонио Спарс со 125:109. Натпреварот го заврши со 21 поен, 14 асистенции и 9 скока. Најдобар стрелец кај Лејкерс беше Остин Ривс со 30 кошаа, додека Стефон Касл постигна 23 за Спарс.
Лејкерс се на четвртото место на Запад со 42-25, додека Спарс се 13-ти на Запад со 28-39.

Слични новости
Клиперси го победија водечкиот тим на истокот Кливленд
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Каваи Ленард со 33 поени, а Ивица Зубац постигна 28 коша со 20 скокови. Богдан Богдановиќ постигна 20 поени со стопроцентен шут од игра 8 од 8.
Голден Стејт го победи Милвоки, Бостон подобар од Бруклин и покрај повредите во тимот
Екипата на Голден Стејт Вориорс утринава во Сан Франциско ги победи Милвоки Бакс со 104:93. Во победничкиот тим најдобар беше Џими батлер со 24 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Кошаркарот на Сакраменто Домантас Сабонис ќе отуствува најмалку 10 дена од терените поради повреда
Литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој игра за Сакраменто Кингс ќе отсуствува од терените најмалку 10 дена поради повреда на скочниот зглоб на десната нога, соопшти клубот од НБА.