Кинескиот конгломерат BYD во понеделникот ја претстави новата платформа за полнење на електричните возила за која тврди дека може да трае колку и полнењето гориво, и првпат најави изградба на мрежа од станици за полнење низ Кина.
Таканаречената „супер е-платформа“ ќе може да ги полни батериите со рекордна брзина од 1.000 киловати (kW), што ќе им овозможи на возилата да патуваат 400 километри по петминутно полнење, изјави основачот на компанијата Ванг Чуанфу на настанот што се емитуваше во живо од седиштето на компанијата во Шенжен.

Брзината од 1.000 kW би била двојно поголема од онаа на полначот „Supercharger“ на американска „Tesla“, кој нуди брзини на полнење до 500 kW.
Технологијата за брзо полнење се смета за клучна за усвојувањето на електричните возила, бидејќи ќе помогне да се намалат грижите на нивните возачи.
„За целосно да одговориме на грижите на нашите корисници за полнењето, се стремиме да ја постигнеме целта времето на полнење на електричните возила да биде кратко како она кај возилата на бензин. Ова е првпат во индустријата да се постигне мегаватна единица во моќта на полнењето“, рече Ванг.
Новата технологија за полнење првично ќе биде достапна во две нови електрични возила лимузината со ознака „Han L“ и теренецот „Tang L“, кои чинат околу 34.000 евра, а BYD соопшти дека ќе изгради 4.000 станици за ултра-брзо полнење низ Кина.
Компанијата не прецизираше временска рамка или колку пари ќе инвестира за изградба на такви локации.
Сопствениците на BYD досега главно се потпираа на станици за полнење од други производители на автомобили или јавни станици за полнење за полнење на батериите на нивните возила.
Слични новости
Европските и американските берзански индекси се во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад додека пазарите ја очекуваат важната одлука на американската централна банка ФЕД за каматните стапки, која ќе биде соопштена вечерва во 1900 часот
Доларот благо порасна, пад на цените на нафтата
Од почетокот на март, доларот падна за речиси 4 отсто под притисок на царинскит потези на американскиот претседател Доналд Трамп и зголемените стравови од рецесија во најголемата светска економија
Пад на Волстрит пред состанокот на централна банка
На Волстрит цените на акциите значително паднаа во вторникот, по двата дена раст, бидејќи инвеститорите не сакаа да преземаат ризици пред состанокот на челниците на американската централна банка