Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
„Благодарна што денеска дојдов овде со мојот пријател амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас. Ние ја понудивме сета можна помош, но ние сме далеку и благодарна сум повеќе земји од регионот реагираа многу брзо и понудија помош, и презедоа дел од повредените и понудија помош што им беше потребна во моментот. Ние немавме можност тоа да го понудиме бидејќи сме далеку, и затоа сум многу благодарна на моите колеги и нивните земји што го сторија тоа“, изјави Агелер.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава Акиим Али, по потпишувањето во Книгата на жалост изрази сочувство до целата нација по повод трагичниот настан во Кочани, во кој животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени.
„Ова е навистина трагичен настан и во овој момент сè што можеме да направиме е да го изразиме нашето сочувство до целата нација, до заедниците и семејствата кои ги жалат оние кои ги изгубија, како и до оние кои се молат за брзо закрепнување на повредените пријатели и деца“.
Посочи дека како Светска здравствена организација нудат поддршка на кој било начин што можат да ја дадат во овој момент, како и за понатамошните потреби, штом имаат појасна претстава.
„СЗО стоеше и стои на располагање за земјата брзо и ефикасно да ја добие потребната поддршка и грижа за луѓето на кои им е потребна“, рече Али.
Слични новости
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството
Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство од пожарот во Кочани
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани.
Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома, рече Таравари.