Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас денеска изјави дека условите кои ги постави Русија за да прифати прекин на огнот во Украина покажуваат дека Москва не сака мир.

„Условите на Москва за примирје, всушност покажуваат дека тие не сакаат мир, бидејќи тие услови се крајните цели на војната“ изјави Калас по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, на кој освен за војната во Украина, станало збор и за односите ЕУ-САД, Нлискиот исток и ситуацијата во Сирија.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Фрушенко порача дека Русија бара цврсти гаранции за мир во Украина. Тој рече дека Русија инсситира на неутрален статус на Украина и одбивање на НАТО да ја прими во одбранбениот сојуз.  

Слични новости

Калас: Широка политичка поддршка за нова воена помош за Украина

Калас: Широка политичка поддршка за нова воена помош за Украина

Има широка политичка поддршка за да се обезбеди воена помош на Украина во вредност до 40 милијарди евра, а разговорите за деталите сега се во тек, изјави во понеделникот високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите на ЕУ разговараат за нов план за воена помош за Киев вреден милијарди евра

Министрите за надворешни работи на Европската унија треба да се состанат во понеделник за да разговараат за нова иницијатива која би можела да обезбеди милијарди евра дополнителна воена помош за Украина