Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

„Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 сѐ уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица“, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

globe

Слични новости

Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени

Протест во Кочани, се бара одговорност

Протест во Кочани, се бара одговорност

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот