Во последниот натпревар од 28. коло на шпанската Ла Лига во саботата, Жирона и Валенсија ремизираа 1:1. Двата гола беа постигнати во воведниот дел од вториот дел. Гостите поведоа со голот на Диего Лопез во 58. минута, но домаќините брзо се вратија. Шест минути подоцна Стуани погоди за конечните 1:1. Со освоениот бод, Жирона стигна до 11. место на табелата, додека Валенсија забележа минимален напредок и сега е на 16. позиција.

Претходно во саботата фудбалерите на Реал Мадрид успешно го одработија гостувањето кај Виљареал каде што забележаа победа од 2:1. Натпреварот не започна најдобро за Реал бидејќи домашните поведоа во седмата минута, а стрелец беше Фојт. Сепак, на водството на Виљареал брзо одговори Килијан Мбапе, кој набрзина постигна два гола. Израмни во 17. минута, а францускиот фудбалер погоди за пресвртот во 23. минута. Во преостанатиот дел од мечот Реал го одбрани водството и освои три бода во тешкото гостување.

Реал привремено се врати првото место на табелата. Има три бода пред второпласираната Барселона, која има и натпревар помалку – дербито кај уште еден претендент на титулата мадридски Атлетико во недела. Виљареал остана на петтата позиција.

Фудбалерите на Мајорка направија пресврт оваа сабота пред своите навивачи совладувајќи го Еспањол со 2:1. Сите најинтересни моменти на натпреварот се случија во вториот дел. Најпрво Муриќи си постигна автогол доведувајќи ги гостите во водство од 1:0 во 53. минута. Во 62. минута Муриќи уште еднаш ги разочара домашните навивачи неуспевајќи да го израмни резулатот од белата точка, но набргу потоа, во 65. минута, јапонецот Асане погоди за 1:1. До 97. минута се чинеше дека бодовите ќе бидат поелени, но потоа Муриќи се искупи за претходните грешки. Досуден беше уште еден пенал за домашните, Муриќи повторно ја презеде одговорноста а овојпат беше прецизен за победа од 2:1.

Мајорка сега е седма на табелата, додека Еспањол останува на 15. место.

Во првиот натпревар во саботата фудбалерите на Селта го совладаа Ваљадолид на гости со минимални 1:0. Единствениот гол беше постигнат во последните минути, Маркос Алонсо реализираше пенал во 83. минута за победа на Селта, што го доведе Ваљадолид во дополнителни неволји и го закова на последното место на табелата. Победата ја искачи Селта на осмото место.

Во недела се играат натпреварите Леганес – Бетис, Севиља – Атлетик Билбао, Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад, Осасуна – Хетафе и Атлетико Мадрид – Барселона.

globe

Слични новости

Нов кикс на Манчестер сити на домашен терен

Нов кикс на Манчестер сити на домашен терен

Манчестер сити попладнево одигра 2:2 со тимот на Брајтон и дополнително ги намали шансите за пласман во Лигата на шампоините. Домаќините на два пати водеа во текот на мечот, но гостите од Брајтон два пати успејаа да изедначат.

Сабаленка и Андреева во финалето на Индијан Велс

Сабаленка и Андреева во финалето на Индијан Велс

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и Русинката Мира Андреева ќе играат во финалето на мастерсот во Индијан Велс. Сабаленка, неочекувано лесно, за само 52 минути ја декласираше Американката Медисон Киз со резилтат 2 :0 ( 6:0, 6:1).