Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека има „многу добри шанси“ да се стави крај на руско-украинската војна по „продуктивната“ дискусија со рускиот претседател Владимир Путин, додека украинскиот лидер Володимир Зеленски ја обвини Москва дека само „го комплицира и го одложува процесот“ со поставување услови за прекин на огнот.

Трамп додаде дека побарал од Путин да ги поштеди животите на „целосно опкружените“ украински војници, односно украинските сили истиснати од регионот Курск, нивното единствено упориште на руска територија.

„Вчера имавме многу добри и продуктивни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и има многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин ја искористил средбата за да му пренесе „сигнали“ на Трамп преку Виткоф. Додаде дека Русија и САД ќе договорат време за телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, откако Виткоф го информирал Трамп за средбата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во петокот дека руските обиди да постави услови за 30-дневен прекин на огнот во војната во Украина само „го комплицираат и го одложуваат процесот“.

„…Русија е единствената страна која сака војната да продолжи и дипломатијата да пропадне“, објави Зеленски на X по разговорите со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Путин уште пред синоќешната средба зад затворени врати со претставникот на неговиот американски колега Доналд Трамп објави дека начелно се согласува со предлогот за прекин на огнот, но дека се потребни дополнителни услови. Претходно рускиот челник и неговите соработници напомнуваат дека имајќи го повеќедецениското искуство не можат да имаат доверба на предлозите и договорите кои додаѓаат од Западот, како и од страна на Украина.

Како што рече, Русија бара гаранции дека за време на 30-дневниот прекин на огнот Украина нема да изврши мобилизација, нема да обучува војници и нема да добива оружје. Путин, така,м му ја врати топката, која во последните денови како што изјавуваа американските функционери беше на теренот на Русија, на противникот, а особено на Вашингтон.

Генералштабот на Украина, и покрај информациите и од западни извори, во петокот тврдеше дека е лага дека силите на Киев се опколени во рускиот регион Курск и рече дека нема таква закана, бидејќи единиците биле повлечени на „поповолни“ одбранбени позиции.

Трамп претходно во петокот, без да даде детали, рече дека руската војска „целосно опколила“ илјадници украински војници. Путин во четвртокот откако престојуваше самиот во регионот Курск по објавувањето дека е заземен градот Суџа, најголемото населено место кое го зазена украинската војска во ненадејниот напад минатата есен, рече дека украинските сили се во целосна изолалирани во регионот Курск.

Американскиот претседател постојано изјавува дека сака Москва и Киев да се договорат за брз прекин на огнот за да престанат да се борат во конфликтот за кој тој предупреди дека може да ескалира во Трета светска војна и веќе однесе многу животи на двете страни.

globe

Слични новости

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.