Царинити ќе го чинат BMW милијарда евра оваа година, изјави во петокот извршниот директор на германскиот производител на луксузни автомобили Оливер Зипсе, наведувајќи ги трошоците за европските царини за електричните автомобили од кинеско производство и американските царини за увоз на челик и алуминиум.

Проценката е „конзервативна“, нагласи Зипс, а цената може да биде уште поголема имајќи ги предвид можните нови царини од САД и ЕУ.

Директорите на BMW, сепак, проценуваат дека САД веројатно нема да ги задржат сите царини што неодамна ги воведоа, како што се такси од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум и царина за возилата BMW увезени од Мексико, до крајот на годината, додаде Зипс.

„Доколку ситуацијата се промени, ќе се промени и нашата прогноза“, додаде финансискиот директор на BMW, Валтер Мертл.

BMW извезува околу 56 отсто од возилата произведени во своите фабрики во Германија во земји надвор од ЕУ, а фабриката во американската сојузна држава Јужна Каролина испорачува автомобили во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на клиентите во странство, што го прави BMW најголемиот американски извозник на автомобили по вредност, вели Ципсе.

На крајот на јануари, BMW заедно со германски „Mercedes-Benz“, американскиот производител „Tesla“, кинескиот „Geely“, SAIC, BYD и Кинеската комора за надворешна трговија CCCME, ја тужеа Европската комисија пред Судот на правдата на ЕУ поради царините за увоз на електрични автомобили произведени во Кина.

ЕУ ги воведе царините на крајот од ланскиот октомври, тврдејќи дека, според резултатите од истрагата, државните субвенции им даваат на кинеските компании нелојална предност во пазарната конкуренција.

Највисока царина е воведена за кинескиот производител на електрични автомобили SAIC, од 35,3 отсто. Следува Geely со 18,8 проценти и BYD со 17 проценти. Комисијата утврди најниска царинска стапка за увоз на автомобили произведени во Кина од американската „Tesla“, од 7,8 отсто.

BMW заедно со партнерите ги произведува електричниот сув „BMW iX3“ и електричниот „Mini Cooper“ во Кина, кои ги продава на пазарот на Европската унија. Европската комисија ќе им наштети на европските интереси со царини, изјави шефот на BMW во јуни.

Групацијата ја затвори минатата година со приход од 142,4 милијарди евра, 8,4 отсто помал од 2023 година, со послаба продажба во Кина и во нејзината матична земја Германија. Нето добивката потона за 37 отсто, на 7,68 милијарди евра.

globe

Слични новости

Цените на нафтата над 70 долари

Цените на нафтата над 70 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во петокот над нивото од 70 долари, а инвеститорите проценуваат дека преговорите за ставање крај на руско-украинската војна ќе потрае и ќе го одложат враќањето на руската нафта на западните пазари

Златото над 3.000 долари

Златото над 3.000 долари

Цените на златото првпат надминаа 3.000 долари во петокот, како одраз на зголемената побарувачка на инвеститорите во услови на трговски тензии и намалување на каматните стапки

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

Внимателно тргување на берзите во Европа и Азија

На европските берзи во петокот претпладнето се тргува претпазливо, како и претходните денови, бидејќи инвеститорите се загрижени за царинската војна меѓу САД и Европската унија, додека индексите се на пат да остварат седмични загуби