Американскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал бараат 250.000 долари од гостите за да присуствуваат на нивната раскошна добротворна акција на нивниот имот на италијанското езеро Комо, пренесе Дејли меил.

Џорџ Клуни и неговата сопруга ќе бидат домаќини на петдневната акција за собирање средства за Фондацијата на Клуни за правда на која ќе има 16 гости од кои се очекува по околу 250.000 долари. За тие пари, гостите на Клуни ќе престојуваат во двокреветни соби во хотел кој се наоѓа во вила од 18 век, со поглед на езерото.

За време на настанот учесниците ќе имаат приватна вечера со тимот на фондацијата на Клуни, која ќе ја подготвуваат шефови од светска класа, а предвидени се и патувања со брод по езерото.  

 

 

Слични новости

„Одисеја “ на Кристофер Нолан го додаде актерот Рајан Хурст во големата актерска екипа

„Одисеја “ на Кристофер Нолан го додаде актерот Рајан Хурст во големата актерска екипа

Студиото Универзал претходно соопшти дека кастот на „Одисеја“ ги вклучува А холивудските глумци Мет Дејмонд, Том Холанд, Зендеја, Робер Патинсон, Ен Хатавеј, Шарлиз Терон и Џон Бернтал.