На 20 март во Уставниот суд ќе се одржи подготвителната седница за Законот за јазиците, на која ќе учествуваат повеќе експерти, вклучувајќи претставници од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Венецијанската комисија и професори од правните факултети во државава.

Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на денешниот брифинг со новинари, на подготвителната седница се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.

Од домашните експерти на седницата ќе присуствуваат Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија на ЕСЧП, проф. д-р Рената Дескоска, професор по уставно право и член на Венецијанската комисија, проф. Борче Давитковски, проф. Јетон Шасивари, професор по уставно право на Универзитетот за Jугоисточна Европа, Гордана Лажетиќ, експерт по казнено процесно право, Мерсељ Билали, експерт по меѓународно право, Денис Прешова, експерт по уставно право; Мерсим Максути од Државниот универзитет во Тетово, Абдул Меџит Нуредин од Меѓународниот универзитет Визион од Гостивар, доц. д-р Азам Кор Бајрам од Визион Гостивар, Жаклина Доведен, претседател на Апелационен суд Битола, Иван Џолев, претседател на Кривичен суд Скопје, Бурим Сејдини, претседател на Управен суд.

Претседателот дополни дека на седницата ќе се зборува само за материјалното право, бидејќи формалниот дел на уставноста е веќе апсолвиран. Станува збор за Указот за Законот за јазици за кој е веќе одржана подготвителна седница во 2021 година.

Прашан околу политичкиот фокус за случувањата, Дарко Костадиновски изјави дека политичарите имаат примитивна политичка култура и злоупотребуваат за дневни политички теми.

„Не е мојата цел да ги разубедувам политичарите, нема да престанат, нивните манипулации ќе продолжат. Ако успееме ние како судот да ги убедиме граѓаните да не бидат манипулирани, тоа е успех“, рече тој.

Информираше дека на седницата ќе се дискутира за шест спорни прашања кои јавноста ќе ги дознае на самата седница, а во врска со прашањето дали ќе присуствуваат уставните судии кои се припадници на малцинствата, рече дека нема информација дека нема да присуствуваат.

„Местото на судиите е во судиската сала“, посочи Костадиновски.

Уставниот суд на седницата одржана на 11 декември 2024 година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Судијата известител Елизабета Дуковска тогаш предложи да се одржи подготвителна седница, што доби поддршка од повеќе судии, вклучувајќи ги Ана Павлова Данева, Татјана Васиќ Бојаџиева, Јадранка Дабовиќ и Дарко Костадиновски. Судијата Добрила Кацарска не се согласи со предлогот, сметајќи дека веќе има доволни подготовки.

Поддржувачите на одлуката ја истакнаа важноста на подготвителната седница за да се покажат дека владее правото и дека уставноста не се брани на улиците, туку во судот. Тие повикаа на трпение и доверба во институциите и нагласија дека одлуката ќе помогне во отфрлањето на наводите за политизација.

Подготвителната седница се свикува пред Уставниот суд да донесе одлука за поведување постапка. На седницата се повикуваат стручни органи, научни и стручни соработници. Со поканата се содржат наводите во иницијативите, правната состојба и спорните правни прашања што биле одредени од судот. Подготвителната седница почнува со краток осврт на судијата известител за фактичката и правната состојба и кои биле спорните прашања, при што сите учесници ги даваат своите правни мислења исклучиво за спорните прашања.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Уставниот суд може да ги отфрли иницијативите, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. По одржувањето на подготвителната седница, судијата известител има рок од шест месеци да подготви реферат за предметот.

globe

Слични новости

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

Охрид ќе добие 3,5 милиони денари за проект за затворање на нестандардната депонија „Буково“

Станува збор за средства обезбедени преку проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, што се реализира преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.