Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да пренесат своето нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против наводната идна руска агресија, прашање за кое неодамна разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, објави во четвртокот Financial Times.

„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна треба да има поместување на инфраструктурата на НАТО на исток. За мене тоа е очигледно“, го цитира FT во интервјуто Анджеј Дуда.

 

„Побезбедно би било ова оружје да биде веќе во земјата“, изјави Дуда.

Трамп го потврди блискиот сојуз меѓу САД и Полска на состанокот меѓу двајцата претседатели минатиот месец и ја пофали посветеноста на Варшава за зголемување на трошоците за одбрана, објави Белата куќа во саботата по средбата.

„Реков дека безбедноста на Полска и Централна Европа треба да се зајакне, но тој рече дека како еден од најсигурните сојузници не треба да бидам загрижен“, рече тогаш Дуда во Вашингтон.

globe

Слични новости

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп

Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд

Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.