Кошаркарите на Минесота на гостински терен убедливо го победија второпласираниот тим на западот Денвер Нагетс со 115:95. Минесота поведе од самиот почеток и имаше над 20 поени разлика 6 минути пред крајот на мечот, кога тренерот на домашната екипа Мајкл Малоун ја повлече од игра стартната постава и практично го призна поразот.

Најефикасни во тимот на Минесота беа Ентони Едвардс и Џулијус Рендл со 29 односно 25 поени, а кај Денвер најдобри беа Никола Јокиќ со 34 и Расел Вестбрук со 19 коша.

Минесота е седма на западот, но тимот конечно се комплетира по повредите на Џулиус Рендл и Руди Гобер, па се очекува на крајот да финишира на едно од првите шест места што носат директно учество во плеј офот. Годинава Минесота води против Денвер 3:0 во меѓусебните дуели, а лани Минесота го исфрли Денвер во полуфиналето на западот.  

 

Слични новости

Ф1: Шест дебитанти во новата сезона

Ф1: Шест дебитанти во новата сезона

Новата сезона во Формула 1 започнува овој викенд во Австралија, со шест возачи, со различен степен на искуство, кои се натпреваруваат во нивната прва целосна сезона во Ф1

Амбициозните планови на Арсенал

Амбициозните планови на Арсенал

Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го ангажира крилото на Баерн, Лерој Сане (29), кој ќе биде слободен играч бидејќи неговиот договор со баварскиот клуб истекува во јуни, објавија во петокот британските медиуми

Кари прв во НБА до 4.000 „тројки“

Кари прв во НБА до 4.000 „тројки“

Голден Стејт Вориорс на домашен терен во Сан Франциско ги совладаа Сакраменто со 130:104 и го забележаа шестиот последователен триумф