На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,55 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,90 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 147,20 на 148,05 јени.
Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0905 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0840 долари.
Цените на нафтата, сепак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,60 отсто, на 69,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,65 отсто, на 66,70 долари.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар
Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари до 71 долар, поттикнати од знаците за посилна побарувачка во САД
Кина и на почетокот од 2025. бележи најголем скок во продажбата на електрични автомобили
Кина остана на врвот на глобалното рангирање во однос на скокот на продажбата на електрични возила во февруари, при што Европа и Северна Америка исто така забележаа двоцифрен раст
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени