По улогите во сериите „Homeland“ и „Just Like That“ Ден Стивенс игра и во новата хит серија  на Нетфликс „Zero Day“, политички трилер во кој главната улога ја толкува Роберт ДеНиро. Стивенс во серијата го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.

Стивенс во подготовка на улогата минал неколку месеци во тролање по социјалните медиуми и проучување на подкастите за да навлезе во улогата на новинар конспиратор во време кога медиумите се фрагментирани и се помалку им се верува.

Тој вели дека не треба претерано да се задлабочувате во оваа проблематика за да видите дека слободното новинарство е речиси мртво исто како и демократијата.

Стивенс вели дека серијата која е снимена пред повеќе од една година во која доминираат поделеност на Америка, теории на конспирација и тенолошки милијардери со премногу моќ, изгледа сосема реално во денешно време.

Слични новости

Премиера на „Holland“ со Никол Кидман и Метју Мекфајден

Премиера на „Holland“ со Никол Кидман и Метју Мекфајден

Премиерата на новиот филм „Holland“ со Никол Кидман беше во неделата, на која актерката најави дека по овој проект конечно ќе земе одмор. Никол Кидман беше и продуцент на филмот „ Holland“ кој го режираше младата режисерка Мими Кејв.