Сириските демократски сили (SDF) предводени од Курдите, поддржани од САД, кои контролираат голем дел од североисточниот дел на Сирија, богат со нафта, потпишаа договор со кој се согласуваат да се интегрираат во новите државни институции предвоени од шеријатските власти, соопшти во понеделникот сириското претседателство.

Договорот, кој вклучува целосен прекин на непријателствата, го потпишаа привремениот сириски претседател Ахмед ал-Шара и командантот на SDF, Мазлум Абди.

Според договорот, сите цивилни и воени институции во североисточна Сирија ќе бидат интегрирани во државата, која на тој начин ќе ја преземе контролата врз границите, аеродромите и полињата со нафта и гас.

Сунитската бунтовничка групација SDF се согласува да ја поддржи владата во борбата против остатоците од режимот на соборениот претседател Башар ал-Асад, кои доаѓаат од алавитската (шиитска) заедница која изминатите денови беше подложена на масакри од страна на владејачкото исламистичко движење Тахрир ал-Шам (HTC), и сите закани за безбедноста и единството на Сирија.

Претходно Шара објави дека силите под негова команда наводно ја завршиле операцијата на уништивање на силите лојални на Асад во мнозинско алавитските покраини на Медитеранот, по судирите во кои изминатите денови однесоа неколку илјади животи.

Откако бунтовниците го соборија Асад во декември, исламистичките групации поранешни сојузници на џухадистите од Исламската држава и Ал Каеда, а поддржани од Турцијам се судрија со SDF, клучен сојузник во коалицијата предводена од САД против милитантите на Исламската држава во Сирија.

Најсилната воена структура на SDF e курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), групација која Анкара ја гледа како продолжение на милитантите на Работничка партија на Курдистан (PKK) кои 40 години се борат против турската држава.

Турција ги смета за терористички PKK, YPG како делови од SDF, а новата управа на Шара во Дамаск вршеше притисок SDF да не се спои со новоформираните државни безбедносни сили. Западните сојузници ја наведуваат PKK како терористичка група, но не и YPG или SDF.

Абди претходно изрази подготвеност неговите сили да бидат дел од новото Министерство за одбрана, но рече дека треба да се приклучат како блок, а не како поединци, што новата влада го отфрли.

globe

Слични новости

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори

Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега

Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина