Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
До полноќ, девет биле сѐ уште активни. Два се во општина Прилеп. Првиот активен пожар е на територија на селото Крушевица, вториот во атарот на село Лопатица.
Третиот активен пожар е во општина Демир Хисар, помеѓу селата Растојца и Кочиште.

Како активен се води и пожарот во општина Ново Село, во подрачјето на планината Огражден, над селото Сушица, кај место викано „Чардак“.
Активен е и пожарот во општина Гевгелија, на територија на селото Кованец.
Има еден активен пожар во општина Охрид, на подрачјето на село Сошани – Дебрца.
Седмиот пожар е во атарот на селото Теово, помеѓу места викани „Бегова чешма“ и „Плевење“ во општина Чашка.
Осмиот пожар е над селото Грушино на територија на општините Сарај и Желино.
Во општина Тетово е последниот активен пожар, над село Вешала на Шар Планина.
– ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата, а сточарите, пасиштата, наведуваат од Центарот.
Оттаму потенцираат дека доколку граѓаните забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра, да пријават на единствениот број за итни случаи – 112 во ЦУК.
Изминатите 24 часа на 112 биле регистрирани вкупно 2.007 повици. Од нив, како „реални“ повици се категоризирани 1.178, а останатите биле за други потреби на граѓаните.
Слични новости
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени
Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави, порача Мицкоски од ГП „Маркова нога“
По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница
Судење Палевски: Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари
Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница