Во Америка во февруари се отворени 150 000 работни места, но и покрај тоа, невработеноста порасна на 4,1 насто поради заканите на претседателот Трамп со трговски војни и најавите дека од САД ќе бидат вратени милиони имигранти.

Сојузната влада затвори 10 000 работни места, најмногу од јуни 2022, а економистите очекуваат дека отпуштањата на Трамп ќе имаат големо влијание врз мартовскиот извештај за пазарот на трудот.

Рестораните и баровите минатиот месец отпуштија речиси 28.000 луѓе, а во јануари околу 30.000.

Се очекува дека вработувањето ќе забави и невработеноста ќе расте додека Трамп продолжува да ја намалува потрошувачкаа на програми и федералната работна сила, додека им наметнува царини на трговските партнери.

Намалувањето на потрошувачката најверојатно ќе се прелие  врз приватниот сектор, ќе ги погоди претприемачите и непрофитните организации, додека трговската војна се очекува да се засили.

Слични новости

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини

Волстрит падна втор ден по ред

Волстрит падна втор ден по ред

Цените на акциите паднаа на Волстрит во вторник втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваа дека царинската војна меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери ќе ѝ наштети на економијата