Во петокот беше официјално објавено дека тимот на Кадилак ќе учествува на Светското првенство во Формула 1 од 2026 година.

Минатата есен, Меѓународната автомобилска федерација (FIA) постигна начелен договор за влез на Кадилак, кој има поддршка од „TWG Motorsports“ и „General Motors“, а конечната одлука беше донесена во петокот.

„Како што кажавме во ноември, одлуката на General Motors да донесе тим на Кадилак во Формула 1 беше важен и позитивен знак за напредокот на нашиот спорт“, рече претседателот и извршен директор на Ф1, Стефано Доменикали.

„Работевме напорно изминатата година за да ја добиеме оваа можност да влеземе во светот на Формула 1“, објави Ден Товрис, извршен претседател на „TWG Motorsports“.

Наводно, 300 луѓе работеле на проектот за внесување на Кадилак во Формула 1.

globe

Слични новости

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми

Лига на шампионите: Баерн и Интер ќе се соочат во четврфиналето, Барса и ПСЖ ги чекаат противниците

Лига на шампионите: Баерн и Интер ќе се соочат во четврфиналето, Барса и ПСЖ ги чекаат противниците

Фудбалерите на Барселона први се пласираа во четвртфиналето од оваа сезона во Лигата на шампионите, а позната е и првата четвртфинална двојка, меѓусебно ќе играат Баерн и Интер