Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот ѝ се закани на Русија со обемни санкции и воведување царини додека не се постигне примирје и мировен договор со Украина.
Во објавата на неговата платформа Truth Social во петокот, денот кога Русија изврши воздушни напади врз енергетската мрежа на Украина, Трамп истакна дека Русија „ја напаѓа Украина на бојното поле“.
„Врз основа на фактот дека Русија во моментов ја ‘меле’ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за големи банкарски санкции, санкции и царини за Русија додека не се постигне прекин на огнот и КОНЕЧНО МИРНО РЕШЕНИЕ, навеудва Трамп. „Русија и Украина, седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!!!“, порача американскиот претседател.

Критиките на Трамп за Москва доаѓаат во контекст на затегнатите односи меѓу Вашингтон и Киев по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа минатата седмица. По нивниот судир пред јавноста, Трамп ја прекина воената помош и размената на разузнавачки информации со Киев за да изврши притисок врз Украина да прифати договор за прекин на огнот.
Трамп се соочи со критики за неговиот притисок врз Украина, вклучително и неговиот коментар минатиот месец дека Киев а не Русија, е одговорен за започнување на војната.
Заканата на Трамп за воведување санкции и царини кон Русија доаѓа неколку дена откако Reuters објави дека Белата куќа подготвува план за потенцијално олеснување на санкциите кон Русија како дел од напорите на администрацијата да стави крај на војната и да ги подобри дипломатските и економските односи со Москва.
Русија, еден од најголемите светски производители на нафта и гас, но и на ретки земји, метали и минерали, е предмет на санкции без преседан од САД и Европската унија и нивните партнери по нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Американските санкции кон Русија вклучуваат мерки насочени кон ограничување на нејзините приходи од нафта и гас, вклучително и ограничување од 60 долари за барел за извоз на руска нафта. Поранешниот претседател Џо Бајден, исто така, ја прошири акцијата против Москва на 10 јануари, непосредно пред да ја напушти функцијата, за да ги вклучи руските енергетски компании и бродови што ја испорачуваа нејзината нафта, со дополнителни мерки.
Слични новости
ЕУ воведува контрамерки на американските царини
Европската комисија воведува контрамерки откако во средата стапија на сила американските царини за увоз на челик и алуминиум од Европската унија
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина