Силите на новите исламистички сунитски власти во Сирија се бореа втор ден по ред во петокот за да го задушат бунтот на алавитите (шиитска заедница доминантна) во западна Сирија, при што загинаа десетици луѓе.
Сириските власти објавија дека остатоците од поранешниот режим на социјалистичкиот преседател Башар ал-Асад, кој потекнува од алавитската заедница, започнале смртоносен и добро испланиран напад врз нивните сили во четвртокот во крајбрежен регион, каде мнозинство се припадници на алавитското малцинство.
Властите не го соопштија точниот број на загинати, но Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лонон објави дека загинале повеќе од 120 луѓе. Агенцијата Reuters наведува дека не може независно да го потврди ова. Опсерваторијата во петокот објави дека безбедносните сили на новите власти „егзекутирале“ 52 припадници на алавитското малцинство во провинцијата Латакија, каде што избувнаа судири со вооружени лица лојални на соборениот претседател Башар ал Асад.

Конфликтот ги разниша напорите на привремениот претседател Ахмед ал-Шара, поранешен водач на џихадистичките сунитски групации сојузници со Исламската дражва и Ал Каеда, да ја консолидира контролата врз земјата додека неговата администрација се бори да ги укине американските санкции и се соочува со зголемени безбедносни предизвици, особено во југозападниот дел на земјата каде Израел сака да го спречи распоредувањето на силите под водство на новите власти во Дамаск.
Насилството во четвртокот беше фокусирано во областа Џабла, но се прошири. Во крајбрежните градови Тартус и Латакија е прогласен полициски час, јави државната новинска агенција SANA. Безбедносните сили започнаа операции за расчистување и во градовите и во блиските планини, соопшти агенцијата, цитирајќи извор од безбедносните сили. На цивилите им беше препорачано да останат дома, наведува агенцијата.
Жител на Латакија телефонски разговор со Reuters изјавил дека борбите таму траат веќе 12 часа и дека во градот пристигнало владино засилување. Жител на Тартус рекол дека се слушаат силни пукотници и дека владините сили влегле во градот во петокот наутро и почнале да пукаат во воздух.
Безбедносен извор изјави дека засилувањата влегле во Латакија во петокот наутро бидејќи не можеле во четвртокот поради блокиран пат. Судири се водат во предградијата, безбедносните сили работат на отворање на патот кон Џабла, кој исто така е блокиран, а милициите лојални на Асад опколија голем број позиции во Џабла, изјави изворот.
Алавитските активисти рекоа дека нивната заедница била подложена на насилство и напади по падот на Асад, особено во провинциите Хомс и Латакија.
Иако Шара вети дека ќе управува со Сирија на инклузивен начин, тој не се сретна со високи алавитски лидери, за разлика од припадниците на другите малцинства како Курдите, христијаните и Друзите.
Владата на Асад од изнувнувањето на граѓанската војна во 2011 година се потпираше на лојалноста на припадниците на алавитите во безбедносниот апарат и државната администрација, кои новите исламистички власти се обидуваат да ги реформираат, вклучително и преку масовни отпуштања.
Алавитскиот исламски совет ја обвини владата на Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) за насилството, објавувајќи дека „воените конвои биле испратени на брегот под изговор за „остатоци од режимот“ за тероризирање и убивање Сиријци. Советот побара крајбрежниот регион да биде ставен под заштита на ОН.
Саудиска Арабија, која учествуваше заедно со другите регионални сунитски монархии и западните земји во покренувањето на бунтот против владата на Асад, ја поддржа шеријатската администрација, осудувајќи ги „злосторствата на непријателските групи“ во Сирија и нивните напади врз безбедносните сили. Ријад „стои на страна“ на сириската влада во нејзините напори да ја зачува безбедноста и мирот, се вели во соопштението.
Слични новости
Романија: Одбиена жалбата на Џорџеску против забраната за кандидирање на претседателските избори
Жалбата на романскиот крајно десничарски европскептичен политичар Калин Џорџеску против одлуката да му се забрани да се кандидира на повторените претседателски избори во земјата беше отфрлена во вторникот
Украина го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, САД велат дека сè е до Русија сега
Украина се согласи на непосреден 30-дневен прекин на огнот во војната со Русија за време на разговорите со американските претставници во Саудиска Арабија, се вели во заедничката изјава на земјите, а Вашингтон веднаш ќе продолжи со споделување разузнавачки информации и „безбедносна помош“ за Украина
Пакистанските сепаратисти земаа 182 заложници
Безбедносните сили соопштија дека се слушнала експлозија во близина на тунелот и дека имало размена на оган со милитантите во планинската област