Првото обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот го следеа 36,6 милиони луѓе, објави агенцијата за мерење на телевизиските рејтинзи Нилсен.

Ова е повеќе од последните три обраќања во Конгресот на неговиот претходник Џо Бајден, но е помалку од обраќањата на Трамп во Конгресот за време на неговиот прв претседателски мандат кои во просек ги гледаа44,3 милиони Американци.  

Преносот од обраќањето на Трамп во Конгресот во живо го пренесуваа 15 американски канали, а најголема гледаност имаше на Фокс Њуз 10,7 милиони гледачи, Еј БИ Си 6,33 милиони а Си-Би ЕС и Ен-Би Си со по околу 4 милиони гледачи.

Најслаба гледаност говорот имаше на Си Ен Ен 1,93 и ЕМ ЕС Ен Би Си со 1,92 милиони гледачи.

Говорот на Трамп нјамногу го следеше постара популација од кои повеќе од 70 насто на возраст постара од 55 години, додека кај младата популација од 18-34 години гледноста била многу ниска, само околу 2,1 милион гледачи. 

Слични новости

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ѕвездата на хит серијата Zero Day Дан Стивенс вели дека демократијата е речиси мртва

Ден Стивенс игра во новата хит серија на Нетфликс Zero Day, политички трилер во која го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.