Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп води тајни разговори со палестинскот милитантно движење Хамас за можноста за ослободување на американските заложници во Газа, изјавил за Reuters извор запознаен со разговорите.
Американскиот специјален пратеник за прашањата на заложниците Адам Болер директно преговараше со Хамас во Доха во последните недели, рече изворот, потврдувајќи го претходниот извештај на порталот Axios.

Соединетите држави до неодамна избегнуваа директни преговори со милитантната група. Американскиот Стејт департмент го прогласи Хамас како странска терористичка организација во 1997 година.
Ниту израелската амбасада во Вашингтон, ниту Белата куќа сè уште не одговориле на барањата за на Reuters за коментар. Кабинетот на Болер, пак, одбил да коментира.
Соговорникот рекол дека разговорите се фокусирале на ослободувањето на американските заложници кои сѐ уште се држат во Газа, но вклучиле и дискусии за поширок договор за ослободување на сите преостанати заложници и начините за постигнување долгорочен прекин на огнот.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткофф, планира да се врати во регионот наредните денови за да најде начин или да ја продолжи првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа или да премине во втора фаза, изјави во понеделникот портпаролката на Стејт департментот.
Слични новости
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада
Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на нови 9 години затвор
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера