Бразилските фармери на кафе речиси ги испразнија своите магацини, половина година пред новата жетва, поради порастот на побарувачката што речиси двојно ги зголеми цените во изминатите 14 месеци.

Цените на соратата Арабика, најпопуларното зрно кое се користи во повеќето мелено печено кафе, скокнаа за дури 70 отсто во 2024 година и речиси 20 проценти од почетокот на оваа година. Пред три седмици надминаа 4,30 долари за фунта, односно 0,45 килограми.

Сортата Робуста, второто најпопуларно зрно кое често се користи за производство на инстант кафе, поскапе за 72 отсто минатата година.

„Никогаш не сме имале толку ниски залихи во февруари и сè уште сме далеку од новата култура. Нема да имаме многу кафе за продавање до следната жетва. И не сме сами, секаде е вака“, вели Вилијан Сезар Фреирија, менаџер за продажба во третата по големина кафе кооператива во Бразил.

Иста е состојбата и во Cooxupe, најголемото светско здружение на одгледувачи на кафе, во бразилската држава Минас Жераис, најголемиот производител.

„Има многу кафе во магацините, но речиси целото е продадено на крајните клиенти и само чека испорака – изјави координаторот за складирање Андре Силва Пинто.

Според супервизорот за продажба на компанијата Cooxupe, Луиз Фернандо дос Реис, одгледувачите веќе продале 90 oтсто од минатогодишниот род.

Проценката на Cooxupe за продажбата на земјоделците е конзистентна со неодамна објавените податоци кои покажуваат историски ниски залихи.

globe

Слични новости

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата