Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66,1 процент.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од два проценти.
Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2 проценти, во вториот квартал 2,3 проценти, а во третиот 3 проценти.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар
Цените на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари до 71 долар, поттикнати од знаците за посилна побарувачка во САД
Кина и на почетокот од 2025. бележи најголем скок во продажбата на електрични автомобили
Кина остана на врвот на глобалното рангирање во однос на скокот на продажбата на електрични возила во февруари, при што Европа и Северна Америка исто така забележаа двоцифрен раст
Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци
Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“