Кина од 10 март ќе воведе дополнителни царини од 10 до 15 насто на одредени производи од САД, како одговор на новите тарифи за кинеска стока што ги наметна Вашингтон, соопшти министерството за финансии на Кина.
Американските медиуми објавуваат дека станува збор за одговор на Кина на дополнителните царини од 10 насто за кинеска стока, што стапија во сила ноќеска на полноќ според американско време. Кина претходно најави дека „ќе преземе контрамерки за одлучно да ги заштити своите права и интереси“.

Царините што ги воведе САД се додаваат на оние што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп на сите кинески увозни продукти од 4 февруари.
Кина која е еден од најголемите трговски партнери на САД одговори со воведување царини на производите од Америка, вклучувајќи јаглен, течен природен гас, сирова нафта и машини за земјоделство.
Портпаролот на министерството за трговија на Кина изјави дека царините што ги воведе САД нема да ги решат внатрешните проблеми на Америка и ќе штетат на трговската соработка меѓу Кина и САД, како и на нормалниот трговски поредок. Кина ги повика САД да ги почитуваат правата на други земји и веднаш да ги повлечат овие, како што ги нарекува Пекинг „неразумни и штетни тарифни мерки“.
Слични новости
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени
Европските берзи растат, тргувањето претпазливо и во Азија
Цените на акциите пораснаа на европските берзи во средата наутро, благодарение на надежите за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, но тргувањето беше претпазливо бидејќи Европската комисија најави контрамерки на американските царини
Доларот слабее, цената на нафтата расте
На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути