Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предлага јавен обвинител за 47-годишникот, кој вчера по полноќ со возило удрил во пешак во Скопје.

-На 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил „мерцедес“ по левата сообраќајна лента од ул.„Св Кирил и Методиј”. Но притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно го довел во опасност животот и телото на луѓето. Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промили, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини, со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долни екстремитети, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Мерките на претпазливост, како што посочуваат од ЈО, се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување од повторување на делото.
Слични новости
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени
Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави, порача Мицкоски од ГП „Маркова нога“
По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница
Судење Палевски: Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари
Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница