
Тимоти Шаламе е еден од фаворитите за Оскар за најдобра машка улога за неговата ролја на Боб Дилан во филмот „Целосно непознат“. Додека го промовира филмот на црвените килими, Шаламе му оддава признание на Дилан и често се појавува во модни креации инспирирани од имиџот на легенрадниот американски фолк-рок пејач.
Неодамна Шаламе ја доби и првата голема награда САГА наградата од колегите актери, каде што се појави во црн кожен костум, што го носеше Боб Дилан на концетрот во Сингапур во 2011. Шаламе во својот говор рече дека и инспириран од големите уметници како што се Денил Деј Луис и Марлон Брандо.
Во недела ноќта ќе го добиеме и одговорот дали Тимоти Шаламе ќе го добие својот прв Оскар, а главни конкуренти му се Ралф Фајнс за Конклава и Едријан Броди за Бруталист.
Слични новости
Џена Ортега одушевена од соработката со Лејди Гага во втората сезона на „Wednesday“
Обожавателите на серијата „Wednesday“ со нетрпение ја очекуваат втората сезона од серијата, а дополнителна возбуда донесе веста дека Лејди Гага ќе се приклучи на актерската екипа
Италијанска баристка го брани правото на неуките туристи на капучино во погрешно време
Италијанците се познати по тоа што се намуртено гледаат на неуките туристи и нивните нетрадиционални барања поврзани со кафето, но не и најстарата...
Куче пукало во сопственикот
Американец бил ранет во ногата кога бил застрелан од неговото куче, чија шепа случајно завршила на чкрапалото, соопшти полицијата во Мемфис.