Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Русија и Украина Кит Келог се противел на состанокот меѓу Трамп и Зеленски во овалната соба, сметајќи дека нивниот однос најпрво треба да биде зацврстен. Си-Ен-Ен јавува дека тимот на Зеленски инсистирал на средбата во Белата куќа и покрај советот на Келог.
Келог изјави дека Зеленски на состанокот постапил „на најлош можен начин, оддавајќи впечаток дека е непопустлив. Тоа не мина добро, а сите во просторијата се почувствуваа навредени. Сега Зеленски самиот мора да најде начин како да ја поправи оваа ситуација, ние не може да му помогнеме“ изјави Келог.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски, на која присуствуваше и потпретседателот Џеј Ди Венс мина во напната атмосфера и караници, за на крајот Зеленски да биде исфрлен од Белата куќа без да одржи прес-конференција и без да биде постигнат договор.
Скандалозната дискусија во Белата куќа која беше пренесувана од телевизиските камери стана вирална и најкоментиран настан во светот на социјалните мрежи.
Трамп на својата мрежа Трут Сошиал објави дека Зеленски „покажал непочитување кон САД во Белата куќа“. Европската Унија и другите сојузници на Украина застанаа зад Зеленски.
Слични новости
Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп
Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници
Кремљ: Путин му испратил порака на Трамп во врска со предлогот за прекин на огнот
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е договорен разговор меѓу Путин и Трамп, но не и времето за разговор.
Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд
Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.