Советот на јавни обинители одлучи да ја разгледа молбата на обвинителката Наташа Крстевска Цалева за ослободување од задачата во Вишото јавно обвинителство во полн состав, откако на денешната седница не беа присутни членовите Кети Петкова и Елена Догазанска Колева.

Крстевска Цалева беше назначена за шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Предлогот за нејзиното назначување беше изнесен од републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцески.
Советот денеска ја утврди и бројката од 45 слободни јавно-обвинителски места за наредните две години. Исто така, едногласно ја усвои и завршната сметка за 2024 година. Претседателката на СЈОРМ, Душица Димитриевска, образложи дека од предвидените 33 850 000 денари, искористени се 32 500 304 денари.
„Најголемите трошоци се однесуваат на плати и придонеси (2.867.659 денари), додека, трошоците за патни и дневни трошоци изнесуваат нула денари, бидејќи немаме патувања надвор од земјата“, рече таа.
Слични новости
Одржана редовна седница на Извршниот одбор на НБ за монетарната политика
На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, но и на ризиците, коишто и натаму постојат и се нагласени
Треба да се поврзуваме, само така ќе бидеме во оптиката на поголемите држави, порача Мицкоски од ГП „Маркова нога“
По повеќе од 50 години денеска почнаа градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница
Судење Палевски: Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се исплатат пари
Второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, Велибор Манев во средата пред судот изјави дека Љупчо Палевски Палчо бил организатор на грабнувањето на Жежовски и дека го убил пукајќи му во слепоочница