Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека лично нема да се жали на пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење политичка функција и дека Народното собрание на Република Српска одлучило да го отфрли случајот против него пред Судот на БиХ.
„Дали адвокатите ќе измислат нешто во тој поглед од свои причини, подобро да не ме прашуваат, бидејќи јас ќе бидам против тоа. Ако мислат дека нешто треба да се исполни од правни причини, за да одат во Стразбур, тоа е нивен проблем. Не мислам да се жалам лично, ниту мислам повеќе да одам на тоа“, рече Додик.

Истакна дека одлуките на Националната скупштина (парламентот) на Република Српска се враќање на Дејтон и одбрана на Дејтонскиот мировен договор, пренесува РТРС.
„Она што го имавме досега е грубата сила на меѓународниот фактор и ароганцијата на муслиманите од Сараево“, посочи Додик.
Повтори дека денес во БиХ не се почитува писмото од Дејтонскиот мировен договор и дека Српска бара враќање на првобитниот Дејтон.
„Според првобитниот Дејтон, БиХ нема свој територијален интегритет, туку таа им припаѓа на ентитетите што ја сочинуваат БиХ. Затоа во членот 3 од Уставот се вели дека БиХ се состои од два ентитета и три конститутивни народи. Тука доаѓаме до суверенитет“, рече претседателот на РС.
Додик повтори дека тој е избран претседател со легитимитетот што го добил на демократски избори и дека е уставно задолжен да ја штити и претставува Република Српска.
„Јас го правам тоа. Некому му пречи, тоа го знаеме. Дали Судот и Обвинителството го злоупотребија своето постоење кое им го даде високиот претставник? Мислам дека го сторија тоа. Ако прекршило во минатото, ќе прекрши и во иднина. Еве, тужете кој сакате“, рече Додик.
Истакна дека не се плаши од ништо и додаде дека Кристијан Шмит ќе биде исфрлен од овие простори.
Додик повтори дека тој и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ ги поканиле претседателката на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Лидија Брадара и премиерот на Федерацијата на БиХ, Нермин Никшиќ, да дојдат во Бања Лука во термин кој им одговара за да разговараат за имплементацијата на Дејтонскиот мировен договор.
Слични новости
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада
Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на нови 9 години затвор
Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили во средата беше осуден на уште девет години затвор, откако беше прогласен за виновен за проневера