За над четири пати е зголемен бројот на кривични пријави кои Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги ги поднела до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, соопштуваат од Управата.

Од почетокот на годинава досегаа, поднесени се вкупно 35 кривични пријави против 69 физички и 16 правни лица, додека лани во истиот период биле поднесени осум кривични пријави. Првиот човек на Царинска управа Бобан Николовски, во интервју за централните вести на МРТ вели дека годинава за неполни два месеци има 74 случаи на заплени, при откриени прекршочни и кривични дела. Ова претставува раст од 64 проценти во однос на истиот период минатата година, кога биле поднесени 45 кривични пријави.

 

Притоа, во последните десет дена преку Секторот за контрола и истраги се поднесени осум кривични пријави за осум физички и две правни лица за сторено кривично дело фалсификување исправи по член 378 од Кривичниот законик. Станува збор за фалсификувани исправи со цел избегнување плаќање давачки во висина од 250 илјади денари кои веќе се наплатени преку управна постапка. Дополнително поднесена е кривична пријава за фалсификувана лиценца за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај од надлежна институција. Ова е трета кривична пријава за вакво дело за период од неполни две недели.

Во вторникот вечерта е спречен шверц на поголема количина сребрен накит, близу 18 килограми.

„За неполни два месеци имаме 74 случаи на заплени, додека лани имало само 45. Пред извесно време запленивме 188,6 килограми наркотична дрога марихуана. Во вторникот вечерта на граничниот премин Богородица беше спречен шверц на речиси 18 килограми сребро и 180 парчиња парфеми фалсификат со вкупна вредност од 1,18 милиони денари за што веќе има и кривична пријава и изречена пресуда од ОЈО Гевгелија против сторителот, инаку косовски државјанин“, вели директорот Бобан Николовски за централниот Дневник на МРТ.

На прашањето што се поминува низ македонските граници, директорот посочува дека минатата година надворешно-трговската размена изнесувала 18,8 милијарди евра, што јасно покажува за тежината на работата на царинските службеници.

globe

Слични новости

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, вели Рокас, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“

Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет

Мицкоски не очекува криза, но смета дека заканите од ДУИ ќе продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од страна на ДУИ да продолжат со несмален интензитет.

Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата

Мисајлоски: Буџетот за одбраната е два отсто и ќе се зголемува со растот на економијата

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски