Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот рече дека договорот за минерали со Украина е безбедносната гаранција што му е потребна на Киев против Русија, отфрлајќи ја молбата на британскиот премиер Кир Стармер за дополнителна американска воена поддршка, пренесува Reuters.

Стармер, кој се сретна со Трамп првпат во Белата куќа, настојуваше да ја придобие наклонетоста на Трамп, велејќи дека мирот во Украина е можен само благодарение на него.

Пред средбата Стармер истакна дека долгорочниот мир во Украина не е можен без силни американски безбедносни гаранции, кои Трамп речиси целосно ги отфрли, пишува Reuters.

Трамп изрази оптимизам дека може да се постигне договор за прекин на огнот во Украина и дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го почитува таквиот договор.

„Пред нас е дискусија за тоа како тоа може да функционира. Треба да се погрижиме договорот да трае“, нагласи британскиот премиер.

Стармер посочи дека Велика Британија ќе ги зголеми трошоците за одбрана и ќе се обиде да го убеди американскиот претседател дека Европа ќе обезбеди поддршка и безбедносни гаранции за Киев доколку мировните преговори со Русија бидат успешни.

Во четвртокот Путин ги предупреди „западните елити“ да не се обидуваат да ја саботираат нормализацијата на односите меѓу Русија и Соединетите држави, велејќи дека Москва ќе ја искористи својата дипломатија и разузнавачките служби за да ги спречи таквите обиди. Западните медиуми оценика дека неговите коментари изгледале како „прикриена порака“ до Европската унија и Обединетото Крластво.

Од почетокот на неговиот втор мандат, Трамп предупреди на започнување трговски војни и вети дека ќе воведе царини, и за ривалските национални еконимии и за сојузничките.

„Сакаме секој економски однос со Обединетото Кралство да биде заснован на реципроцитет и рамноправни услови за игра“, рече советник на Трамп.

Во Овалната соба, Трамп се пожали на трговските односи со Европската унија, од која Велика Британија истапи во 2020 година.

„Нашата трговија е фер и избалансирана, а вие имате вишок, така што ние сме во поинаква позиција“, рече Стармер.

Според податоците на американската влада, САД имаат трговски суфицит со Британија.

Во меѓувреме, американскиот потпретседател ЏејДи Венс, кој исто така присуствуваше на состанокот, рече дека челниците е разговараат и за „прекршувањето на слободата на говорот во Британија што влијаеше на американските технолошки компании“.

„Обединетото Кралство има слобода на говор многу, многу долго време“, одговори Стармер.

Како и Макрон, Стармер ќе се обиде да го убеди Трамп дека „избрзаниот мировен договор со Русија, без учество на Украина или Европа, може да доведе до нова нестабилност на континентот, што не би било во интерес на САД“. Стармер рече дека е отворен за испраќање британски војници како безбедносна гаранција во Украина, но само со учество на други европски земји и „под соодветни услови“, на што Москва и во четвртокот остро реагираше.

globe

Слични новости

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада им возвраќа на САД со царини од 29,8 милијарди долари

Канада ќе им воведе на САД царини во вредност од 29,8 милијарди канадски долари почнувајќи од четврток наутро како одговор на царините што ги воведе Вашингтон за челик и алуминиум, изјави канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Трамп добил „позитивни пораки“ од Москва за примирјето во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека американски официјални претставници се упатуваат во Русија на разговори за американско-украинскиот договор за 30-дневен прекин на огнот и за патот кон мировните преговори

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

На самитот на Г7 нема да разговара за американското „преземање“ на Канада, вели Рубио

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г7, планиран да се одржи во четврток во Канада, нема да се разговара за „преземањето на Канада“ од страна на САД, како што повеќепати споменуваше американскиот претседател Доналд Трамп