Одговарајќи на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп, полскиот премиер Доналд Туск во четвртокот рече дека Европската унија не е основана за да измами никого, туку за да го зачува мирот и да го зајакне трансатлантското пријателство.
„Европската унија не е основана за да измами никого. Сосема спротивно“, објави Туск на X.

Европската унија е основана „за да го зачува мирот, да воспостави почит меѓу европските нации, да промовира слободна и фер трговија и да го зајакне трансатлантското пријателство. Толку е едноставно“, додаде полскиот премиер и поранешен функционер на Европската комисија.
Полска од јуни претседава со Европската унија која стана цел на жестоки критики од американскиот претседател Доналд Трамп откако се врати на власт. Трамп во средата рече дека Европската унија е основана за да ги „измами“ САД и се закани со царини од 25 отсто за европските производи.
„Ги сакам европските земји. Ги сакам сиве овие земји, сите различни, навистина. Но, Европската унија беше дизајнирана за да ги измами САД. Тоа беше целта и тие го постигнаа тоа“, рече Трамп на својот прв состанок на кабинетот во Белата куќа.
По ова соопштение, Европската комисија најави дека ќе реагира одлучно и навремено против неоправданите пречки за слободната и фер трговија.
„ЕУ ќе реагира одлучно и веднаш против неоправданите пречки за слободната и фер трговија, вклучително и кога тарифите се користат за да се оспорат законите и недискриминаторните политики“, рече портпаролот на Комисијата како одговор на барањето за коментар за забелешките на Трамп.
Слични новости
Политико: Португалија се откажа од купување авиони Ф-35 заради политиката на Трамп
Португалија реши да не ги заменува своите борбени авиони Ф-16 со модерните Ф-35 модели затоа што ситуацијата со претседателот на САД Доналд Трамп доведе до несигурност во врска со односите на Америка и нејзините сојузници
Кремљ: Путин му испратил порака на Трамп во врска со предлогот за прекин на огнот
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е договорен разговор меѓу Путин и Трамп, но не и времето за разговор.
Данска порачува дека САД не може да го анектираат Гренланд
Министерот за надворешни работи на Данска Ларс Локе Расмунсен изјави дека Гренланд не може да биде анектиран од никого, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд од Америка.