Во последниот четвртфинален натпревар од Купот на Италија, фудбалерите на Емполи го совладаа Јувентус во Торино по изведувањето пенали со вкупен резултат 5:3.
По 90 минути резултатот беше 1:1, а гостите од Тоскана поведоа во 24. минута со голот на Малех. Еден час Емполи оставаше подобар впечаток и имаше поопасни шанси, а потоа Јувентус израмни во 66. минута. Турам направи одличен дриблинг и погоди во поблискиот агол за 1:1.

Јувентус пред крајот на натпреварот пропушти да постигне втор гол кој ќе му овозможеше да се пласира во полуфиналето, па одлуката беше донесена по изведувањето пенали. Сите играчи на Емполи беа прецизни, додека за Јувентус, Влаховиќ го префрли голот, а ударот на Јилдиз го одбрани голманот на Емполи, Васкез.
Емполи првпат во својата историја стигна до полуфиналето на Купот, каде ќе одигра два натпревара против Болоња. Во второто полуфинале се среќаваат Милан и Интер.
Слични новости
Реал, Арсенал, Вила и Борусија во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е последниот што се пласираше во четвртфиналето н, откако го елиминира градскиот ривал Атлетико во пенал рулетот
Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми
Ф1: Оскар Пјастри и Мекларен потпишаа продолжување на договорот
Австралискиот Формула 1 возач Оскар Пјастра и неговиот тим Мекларен ја продолжија својата лојалност, а Мекларен објави дека 23-годишниот фудбалер потпишал нов, повеќегодишен договор