Реал Мадрид мора да доведе централен бек во летниот преоден рок, а главен кандидат за таа позиција е 22-годишниот англиски репрезентативец на Евертон, Џерад Брантвејт, објавија во средата британските медиуми.

„Кралскиот клуб“ е многу слаб на стоперската позиција. Бразилецот Едер Милитао поради повреда нема да игра до крајот на оваа сезона, а на Антонио Рудигер (31) и Давид Алаба (32) им истекуваат договорите во јуни следната година. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти добро го познава Брантвејт, кој го имаше своето деби во Премиер лигата додека „Дон Карло“ беше на чело на Евертон.

Минатото лето Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за Брантвејт, но Евертон категорично ја одби нивната понуда. „Тофите“ бараат висока отштета за англискиот репрезентативец, а тоа можат да го сторат бидејќи неговиот договор е до јуни 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона. Британските медиуми пишуваат дека Евертон не сака да го продаде Брантвејт, но дека ќе се разгледаат понудите поголеми од 85 милиони евра.

globe

Слични новости

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Јувентус принуден да го продаде Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми

Лига на шампионите: Баерн и Интер ќе се соочат во четврфиналето, Барса и ПСЖ ги чекаат противниците

Лига на шампионите: Баерн и Интер ќе се соочат во четврфиналето, Барса и ПСЖ ги чекаат противниците

Фудбалерите на Барселона први се пласираа во четвртфиналето од оваа сезона во Лигата на шампионите, а позната е и првата четвртфинална двојка, меѓусебно ќе играат Баерн и Интер