Жизел Пелико, Французинка која стана симбол на женската борба во судењето за силување кое имаше глобални одзиви, е една од жените на 2025 година, избрана од американскиот магазин Times во изданието од 10. март.
Станува збор за судењето во кое им се судеше на нејзиниот поранешен сопруг Доминик Пелико и на уште 50 други обвинети, кои ги регрутирал преку интернет да ја силуваат неговата сопруга, дрогирана и целосно онесвестена во нивниот дом во Мазан.

„Изборот“ што го направи Жизел Пелико, одбивајќи судење зад затворени врати, „откажувањето од своето законско право на анонимност ја направи хероина ширум светот во време кога повика на промени во Франција и пошироко“, пишува американскиот магазин, кој ја опишува како „обична жена која, соочена со лична трагедија, реагирала на извонреден начин“.
„Сакав сите жени кои беа жртви на силување да си кажат: ‘Госпоѓа Пелико го направи тоа, ние можеме да го направиме тоа’. Не сакам повеќе да се срамат. Сакам мојот пример да им служи на другите“, рече седумдесетгодишната жена на почетокот од судењето минатата есен.
По повеќе од три месеца судење, Доминик Пелико беше осуден на дваесет години затвор. Тој не се жалеше.
Неговите 50 сообвинети, на возраст меѓу 27 и 74 години, од кои повеќето беа прогласени за виновни за силување, беа осудени на три години затвор, од кои две условни казни, до петнаесет години за човекот кој шест пати ја силувал Жизел Пелико.
Ново судење, за тринаесетте мажи кои поднеле жалба, ќе се одржи есента 2025 година во Ним.
Times ја избра Жизел Пелико меѓу дванаесет други жени, вклучително и актерката Никол Кидман, двајца врвни спортистки, гимнастичарката Џордан Чилс и кошаркарката Аја Вилсон и Аманда Зуравски, жена на која ѝ беше одбиена соодветна медицинска нега во Тексас, иако беше извесно дека во 18-та недела од бременоста ќе го изгуби своето бебе.
Слични новости
Ракетата на Спејсекс полета за да преземе двајца американски космонаути
Вселенската ракета Фалкон 9 на американската компанија „Спејсекс“ со четири астронаути полета од Флорида за да преземе двајца астронаути кои се заглавени на Меѓународната вселенска станица ИСС.
Тејлор Свифт заработила над 100 милиони долари од стриминг платформата Спотифај
Британскиот весник Дејли Меил објави дека Тејлор Свифт заработила 103,5 милиони долари од услугите на стримиг платформата Спотифај за 2024.
Де Ниро во двојна улога во мафијашкиот филм „The Alto Knights“
Славниот холивудски актер Роберт де Ниро игра не еден туку два главни лика во биографската криминалистичка драма „The Alto Knightsто“ која наскоро доаѓа во кината