По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека сториле тешки дела против општата сигурност.
Тројцата обвинети предизвикале значителна опасност за животот или телото на луѓето, така што опожариле кафе бар во станбена зграда на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје.

Притоа на запалениот објект предизвикале и поголема имотна штета. Со автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од еден од обвинетите, пристигнале во близина на кафе барот.
Додека еден од обвинетите останал да чека во возилото, останатите двајца отишле до деловниот простор. Едниот од нив со секира го скршил лизгачкото стакло од кафе барот, а другиот со бензин запалил оган.
Потоа сите тројца соизвршители заедно со возилото заминале од место на настанот.
Слични новости
Мицкоски: Македонија ќе им помогне на САД за гасоводот Јужен тек
Македонија ќе ѝ помогне на Америка, американскиот гас преку гасоводот „Јужен тек“ да дојде во Европа и да биде конкуренција за рускиот гас, порача премиерот Мицкоски.
Од утре пораст на температурите и слаб локален дожд
Од утре температурите во Македонија постепено ќе бидат во покачување. Ноќните температури сеуште ќе бидат под нулата, но постепено и тие ќе станат позитивни.
Во Скопје средба на мешовитата комисија, се разговарало за евентуални заеднички чествувања и за предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение
Предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение, како и евентуални заеднички чествувања, биле тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржала во Скопје.