
Кошаркарската репрезентација на Хрватска за прв пат во својата историја не успеа да се квалификува на Европското првенство во кошарка, откако на свој терен во квалфикациите во Задар загуби од репрезентацијата на Франција со 83:80. Франција до победата ја водеа Ели Окобо со 16 коша и Амин Нуа со 13. Во репрезентацијата на Хрватска најефикасен беше Марио Хезоња со 37 поени.
Со тоа по пет кола од групата Е пласман на европското првенство обезбедија Франција и Босна и Херцеговина која синоќа на свој терен го победи Кипар со 108:62.
Резултатите од последното коло не може да го сменат резултатот на табелата. Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Финска, Кипар, Летонија и Полска.
Слични новости
Ла Лига: Олмо и Феран Торес за три бода за Барселона
Фудбалерите на Барселона многу потешко од очекуањата го совладаа Лас Палмас со 2:0 на гостински терен во последниот саботен натпревар во рамките на25. коло од шпанската Ла Лига, враќајќи се на врвот на табелата
Интер на врвот во Серија А
Фудбалерите на Интер барем една ноќ сигурено ќе минат на врвот на табелата во италијанскиот шампионат откако како домаќини ја совладаа Џенова со минимални 1:0 (0:0) во последниот натпревар од саботната програма од 26.коло
Рускиот тенисер Андреј Рубљов победи на турнирот во Доха
Рускиот тенисер Андреј Рубљов денеска ја освои титулата на турнирот во Доха, откако по три сета во финалето го победи Британецот Џек Драјпер 7:5, 5:7 и 6:1.