Деловната активност во еврозоната речиси стагнираше во февруари, со скромен раст во услужниот сектор и континуирана слабост во индустријата, покажа во петокот прелиминарниот извештај на S&P Global.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор во еврозоната остана непроменет во февруари на јануарските 50,2 поени, покажуваат прелиминарните пресметки на Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која ги составува извештаите за S&P Global.

Деловната активност на почетокот на годинава се зголеми првпат од август минатата година.

Вредностите над 50 поени сигнализираат зголемување на активноста, додека оние подолу укажуваат на намалување. Економската активност во еврозоната речиси стагнира.

Активноста во услужниот сектор се зголеми во февруари трет месец по ред, но темпото на раст значително ослабна. Периодот на пад на индустриското производство, сепак, траеше речиси две години.

„Речиси занемарливиот раст во услужниот сектор само малку го надмина малку поблагиот пад во производствениот сектор“, објаснува главниот економист на HCOB, Сајрус де ла Рубија.

Побарувачката за услуги ослабе првпат од крајот на 2024 година и компаниите се свртеа кон исполнување на старите нарачки, забележа германската банка.

„Главното влечење на услужниот сектор е Франција, каде деловната активност бележи пад од септември, а падот значително се продлабочи во февруари“, истакнува Де Ла Рубија.

Челниците на компаниите сè уште очекуваат раст на активноста во следните дванаесет месеци, но нивниот оптимизам донекаде е намален, покажа истражувањето. Позитивните очекувања во Германија паднаа под просекот, додека во Франција, оптимистите само тесно ги надминаа песимистите, откри HCOB.

globe

Слични новости

Тесла повлекува над 350 000 возила од американскиот пазар поради неисправни серво волани

Тесла повлекува над 350 000 возила од американскиот пазар поради неисправни серво волани

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла повлекува 376.241 возило во САД за да го исправи проблемот со неисправниот серво волани, објави Националната администарција за безбедност на сообраќајот на САД.