Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување на одлуките на Високиот претставник Кристијан Шмит, РС ќе ја забрани работата на државниот суд и обвинителството, како и на државните безбедносни агенции.
„Оваа борба не е на Милорад Додик, туку реакција на акцијата што ја презеде политичко Сараево“, истакна Додик за ТВ Пинк.

Истакна дека ако биде осуден „РС ќе го откаже секое присуство на судот и обвинителството, Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) и други вештачки и вонуставно наметнати тела на ниво на БиХ, ќе биде забранета нивната работа на територијата на РС, ќе биде донесе изборен закон и ќе направам се за да ги вратам 83 надлежности на нивната уставна позиција на БиХ“.
Додик наведе дека судењето е „чист политички прогон“ и оти РС ќе одговори со политички одлуки.
Нагласи и дека дури и Судот да му забрани политичка активност, тој ќе продолжи да се занимава со политика.
„Значи нема ништо да се случи, Милорад Додик останува тука, останува претседател на Републиката, дури и ако ми забранат политичка активност, ќе продолжам да се занимавам со политика“, истакна Додик.
Претседателот на РС и вршителот на должноста директор на Службен весник на РС, Милош Лукиќ се обвинети за неспроведување на одлуки на високиот претставник, што според Кривичниот законик на БиХ предвидува затворска казна од шест месеци до пет години, како и забрана за вршење јавна функција.
Завршните зборови на обвинителството и одбраната беа на 19 февруари, а судијата има рок од три дена да изрече пресуда
Слични новости
Активистите на екстремната десница го демолираа седиштето на ЕУ во Софија
Насобраните се обидоа насилно да влезат во зградата во која се наоѓа претставништвото на ЕУ во Софија. Потоа беше фрлен молотов коктел и беше запалена влезната врата, прозорците на првиот спрат беа скршени, а зградата беше испрскана со црвена боја
Илјадници Романци излегоа да го поддржат Калин Георгеску
Митингот во Букурешт уследи откако потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс ја нападна Романија поради откажување на изборите, „поради огромниот притисок на романските соседи“.
Грција: За 20 отсто намалени мигрантските бранови од почетокот на годинава
На почетокот на годинава, мигрантските бранови во Грција биле намалени споредбено со лани, според министерот за миграција и азил на Грција, Никос Панајотопулос