Амазон МГМ ќе формира нова заедничка компанија која ќе ги има авторските права на франшизата за филмовите со Џемс Бонд. Студиото ќе ја има креативната контрола врз создавањето на новите филмови, заедно со Мајкл Вилсон и Барбара Броколи.

Даниел Крег, актерот кој го толкуваше ликот на Џемс Бонд во последните пет филмови : „Казино Ројал“, „Парче спокој“, „Скајфол“, „Спектра“ и „Нема време за умирање“, изјави дека е одушевен што Мајкл и Барбара ги задржаа правата на франшизата.

Барбара Броколи ја наследи франшизата од нејзиниот татко Алберт Броколи кој ја започна франшизата со првиот Џемс Бонд од 1962 „Доктор Но“, каде што ликот на славниот британски агент 007 го толкуваше Шон Конери.

„Знам дека идните филмови ќе бидат спектакуларни и се надевам дека ќе бидам дел од нив“, рече Даниел Крег.

Броколи и студиото Амазон МГМ сеуште не се решиле кој актер ќе ја игра улогата на Џемс Бонд во следниот филм.

 

Слични новости

Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед

Марти Скорцесе подготвува нов мафијашки филм во стилот на Дипартед

Легендарниот режисер Марти Скорцесе собра импресивна актерска екипа за неговиот нов мафијашки филм. Во новиот филм на Скорцесе ќе играат големите холивудски ѕвезди Леонардо ДиКаприо, Двејн Џонсон и Емили Блант.